Search

Сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има извесно зголемување на облачноста. Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 9 до 16, а максималната ќе се искачи од 22 до 30 степени.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер, претежно од северозападен правец, повремено ќе се засилува. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 28 степени.

В недела ќе преовладува стабилно време, со умерен до засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд. Во почетокот на наредната седмица повторно на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Треба да знаете
Последни објави