Search

Сончево и топло со температура до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 25 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде околу 11, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на значително топло време, особено од четврток, кога ќе има и извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен јужен ветер.

Треба да знаете
Последни објави