Search

Сомалија го протера кенискиот амбасадор

Сомалија нареди протерување на кенискиот амбасадор откако ја обвини соседната земја дека се меша во изборниот процес во Џубаланд, една од петте сомалиски автономни држави.

Сомалија исто така го повлече својот амбасадор од Најроби.

– Како резултат на политичката интервенција на кениската Влада во внатрешните работи на Сомалија, регионалниот претседател на Џубаланд се откажа од изборниот договор постигнат на 17 септември 2020 година во Могадишу, се вели во соопштението на сомалиското Министерство за надворешни работи објавено на Фејсбук.

Министерството не даде детали за мешањето или договорот од кој се откажал претседателот на Џубаланд.

Кенија и дава трупи на Сомалија како дел од мировните сили предводени од Африканската унија, кои заедно со сомалиската федерална влада и локалните држави се борат против бунтовниците на ал-Шабаб, група поврзана со Ал Каеда.

Треба да знаете
Последни објави