Search

Советничка на Асад ја отфрли идејата за автономија на Курдите во Сирија

Висока советничка на сирискиот претседател Башар ал-Асад во вторникот категорично ја отфрли идејата да им се даде автономија на сириските Курди, пренесува курдската медиумска мрежа „Рудоу“.

Власта под водство на курдските сили, која управува со голем дел од северниот и источниот дел на Сирија, претстави нацрт за договор со Асад на неодамнешните состаноци со Русија.

Бунтаина Шабан, посочи на маргините од конференцијата за Блискиот Исток во Москва, организирана од Клубот за дискусија Валдаи, дека автономија значи поделба на Сирија.

„Автономија значи поделба на Сирија. Нема начин да ја поделиме Сирија “, рече Шабан.

Курдите сакаат да го заштитат својот автономен регион во децентрализирана држава кога американските војници, кои во моментов ги поддржуваат, ќе се повлечат од земјата.

Таа додаде дека Сирија е земја на сите народи во неа и сите народи се еднакви пред сирискиот закон и пред сирискиот Устав”. Шабан, исто така, ги нарече Курдите скапоцен и многу важен дел од сириски народ.

Треба да знаете
Последни објави