Search

Собраниска делегација на тркалезна маса во ЕП во Брисел

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав Сашо Василевски, Бетиане Китев, Реџаиљ Исмаили и Драган Данев денеска ќе учествуваат на „Тркалезна маса на високо ниво за процесот на евроинтеграции на Западен Балкан” во Европскиот парламент во Брисел.

На Конференцијата, како што соопшти Собранието, пратениците ќе разменат искуства со своите колеги од регионот, ќе се сретнат со новоизбраните колеги од Европскиот парламент, ќе имаат средби со известителите од Комисијата за надворешни прашања, како и со шефови на делегации.

За време на посетата на Брисел, делегацијата на Собранието ќе има средба и со шефицата на Мисијата на Република Северна Македонија при ЕУ во Брисел, амбасадорката Агнеза Руси.

Треба да знаете
Последни објави