Search

Собранието ја избра Нина Ангеловска за министер за финансии

Собранието на Република Северна Македонија попладнево во рамки на 110-та седница со 64  гласа „за” и 18 против ја избра Нина Ангеловска за министер за финансии.

Нина Ангеловска е родена во Скопје на 13 јули 1988 година. Средно образование завршува во гимназијата Раде Јовчевски Корчагин, во 2010 дипломира на универзитетот „Св. Кирил и Медотиј” – Економски факултет на Департментот Е-бизнис како најдобар студент на генерација со постигнат успех од 9,94. Таа е добитник на Манинговата награда за најдобар студент на полето на економски науки.

Претходно, пратениците од власта и опозицијата наместо да дебатираат за новите министри и заменици министри, поголем дел од времето на седницата го посветија на меѓусебни обвинувања за состојбата со економијата, инвестициите, за предвремените избори, како и за владеењето на правото.

На обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за лошата состојба во економијата, премиерот Зоран Заев рече дека опозицијата се обидува да ги манипулираат граѓаните за финансиската состојба во државата.

Тој додаде дека правната сигурност овозможи рекордни странски и домашни директни инвестиции кои го зголемија приходот во Буџетот и ја зајакнаа неговата кондиција со што се отвораат и нови можности.

Заев истакна дека сите извештаи за нашата земја во последните три години велат за владеењето на правото дека е подобрено.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељановски од собраниската говорница упати совет до  Нина Ангеловска, велејќи и дека треба да биде внимателна и да не подлегнувате под нивно влијание, бидејќи ако дојде до некаква одговорност сите ќе кажат дека секој си одговара за своите постапки.

Премиерот Заев им порача на опозициските пратеници да се воздржат од интриги со кои го валкаат и дискредитираат професионалниот бекграунд на Ангеловска. Од собраниската говорница ги повика пратениците од опозицијата да гласаат за Ангеловска, бидејќи таа не доаѓа од ниту една политичка партија, туку од стопанството

Нина Ангеловска е родена во Скопје на 13 јули 1988 година. Средно образование завршува во гимназијата Раде Јовчевски Корчагин, во 2010 дипломира на универзитетот „Св. Кирил и Медотиј” – Економски факултет на Департментот Е-бизнис како најдобар студент на генерација со постигнат успех од 9,94. Таа е добитник на Манинговата награда за најдобар студент на полето на економски науки.

За време на студиите таа е ангажирана како демонстратор на Економскиот факултет по неколку предмети, а учествува и на повеќе национални и меѓународни натпревари на кои има овоено едно прво и едно трето место.

Ангеловска магистрира во областа на Е-бизнисот на истиот Универзитет во 2012 година, а наредната ги почнува своите докторски студии. Во 2016 година се стекнува со стручен назив доктор на науки по организациски науки и управување при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”.

Професионалната кариера ја почнува со основање на првиот веб-сајт за групни попусти во Македонија – Групер.мк, веднаш по дипломирањето, со што стекнатото знаење го применува во пракса. Групер, како што стои во биографијата, го раздвижува пазарот на Е-трговија во земјава, доживува огромен успех, станува лидер на пзараот и се здобива со голем број признанија и награди.

Во 2017 година таа иницира основање на првата Асоцијација за е-трговија, а станува и нејзин претседател. Таа е и ко-автор на извештајот за состојбата за е трговијата под наслов „Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба бариери о препораки за развој на трговијата во Р. Македонија”.

Во 2016 година германскиот магазин „The Hundert” ја вбројува во листата на 100 успешни жени основачи  на старт-апи, а во 2018 магазинот „Forbes” ја нагдарува со признанието „30 под 30″ за Европа во категоријата малопродажба и Е-трговија.  Од 2018 година Ангеловска е член на УО на Европската аоцијација за Е-трговија ЕМОТА. Во 2019 таа станува и член на УО на Стопанската комора на Македонија.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави