Search

Собранието му го одзеде имунитетот на Груевски

Собранието денеска ги одобри барањата на судот му се одреди притвор на пратеникот Никола Груевски, односно да му се одземе имунитетот на поранешниот премиер со 62 гласа „За“ и без воздржани или „против“. На седницата не присуствуваа претениците од опозицијата.

Собранието ги одобри шестте барања на Судот за одредување на притвор против Груевски, откако никој не се јави за дебата. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.

Седницата следува по едногласниот заклучок на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања да се одземе имунитетот на Груевски по барањата на кривичниот суд за одобрување притвор за шесте случаи на СЈО.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни  ниту на седницата на Комисијата. За седницата за имунитетот бил известен и самиот Груевски преку е-пошта, преку пратеничката група на ВМРО-ПДМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави