Search

Соборната тетовска црква Свети Кирил и Методиј го празнуваше патрониот празник

Во соборната црква Свети Кирил и Методиј во Тетово денеска се одбележа патрониот празник, посветен на солунските браќa и македонски просветители. Света божествена архиерејска литургија беше чиноначалствувана од митрополитот тетовско- гостиварски г. Јосиф.

– Во оваа петта недела по Христовото Воскресение го славиме сечесниот спомен на големите македонски и сесловенски просветители, учители солунските браќа рамноапостолите Свети Кирил и Методиј и на тој начин достоинствено го славиме овој црконо –државен празник како и храмовата слава подигнат во чест на денешните наши светители кои со своето рамноапостолско дело и со својата проповед ги евангелизирале словенските народи, истакна владиката во празничната беседа.

Тој потенцира дека примерот на светите браќа Кирил и Методиј е значаен за духовното просветлување на современиот човек.

-Живееме во свет каде по налетот на светските искушенија, се оттуѓуваме од ближните но и од духовниот дом , од Светата црква. Во време на духовно слепило околу нас ние верните сме тие кои сме повикани по примерот на светите браќа Кирил и Методиј да се бориме против злото и суетатата на светот продолжувајќи го нивното спасоносно дело на верата кое ни го оставиле нам и на сите христијани во наследство, рече митрополитот г. Јосиф.

Треба да знаете
Последни објави