Search

Снепчет го прекина објавувањето на видео-пораките на Трамп

– И социјалната платформа „Снепчет”, следејќи го примерот на Твитер, одлучи да му го ограничи пристапот на американскиот претседател Доналд Трамп, и да го стопира објавувањето на  видеата што американскиот претседател ги користи за самопромоција, се наведува во соопштението на американската компанија „Снеп”, која е сопственик на апликацијата.

Американските медиуми објави дека одлуката на „Снепчет” била ограничена и всушност значи дека видеата на претседателот веќе нема да бидат прикажувани во рубриката „Разоткривање”, во која се објавуваат вести и видеа на познати личности.

Налогот на Трамп на „Снепчет” и натаму ќе остане активен и видлив за секој кој сака да го посети, но новите видео соддржини нема да бидат објавувани.

Со оваа одлука, калифорниската компанија „Снеп” застана зад Твитер, која до точка на вжештување ја доведе својата кампања против Трамп.

Треба да знаете
Последни објави