Search

Снегот го одложи вечното дерби во Битола

Вечното дерби во мак-фудбалот меѓу Пелистер и Вардар, кое попладнево требаше да се одигра во Битола во рамките од четврфиналето во Купот на Македонија е одложено. Причина е снегот на теренот „Под Тумбе Кафе“. Екипите се појавија на стадионот, меѓутоа снегот кој непрекинато паѓа не дозволува да се обезбедата нормални услови за одигрување на фудбалски натпреавр.  Теренот е смрзнат, па затоа падна одлука истиот да се одложи и да се игра во нов термин, најверојантно 14-15 декември.

Преостанатите три меча од оваа елиминаторна рудба се играат. Претходно натпреварите од Купот на Македонија беа одложени поради автобуската трагедија во Бугарија во која загинаа 45 граѓани на нашата земја.

Треба да знаете
Последни објави