Search

Смилевски: Во политиката влегов за инает и со цел со малку пари да се направат трајни вредности

Втора кандидатура за градоначалник на општина Бутел. Судејќи според она што е сработено до сега извесен е новиот градоначални на оваа општина. Велимир Смилевски за 24 инфо вели дека во политика влегол од инает и со цел со малку пари да направи многу. За време на преходниот мандат се откажуваше од својата плата за да набави таблети и комјутери за децата на кои им беа неопходни. Донира лекови, пари и храна на социјално-загрозени семејства, помага во изградба на верски објекти.

Го прашавме како еден успешен човек од бизнисот и градот заврши во политика?

Можам да кажам со еден збор од– инает! Моето завршување во политика беше поради мојата голема желба да се замени претходната гарнитура која трошеше многу народни пари, а не правеше ништо. Целта  ми беше со малку пари и добра идеја да се направи многу. Мислам дека за краток период направивме многу, а тоа е и целта за вториот мандат.

 

Ве познаваат како голем добротвор во општината. Помагате со храна, облека но и пари за лекување или за ранливи категории на жители од општината. Имате ли претстава на колку семејства сте помогнале?

Моето донирање на лица на кои им е потребно не треба да се врзува за градоначалничкиот мадат. Донирам повеќе од 20 години. Сум помогнал на многумина во пари, лекови, храна, облека. Сум донирал за велигденски и ифтарски вечери, давам пари за изгдарба на верски објекти, помагам со градежни материјали кај социјално загрозени семејства, но и физички помагам ако треба да се работи. Бројката не се памети, минимум една донација имам неделно. Некој бара пари, некој лекови, некој дрва. Секому гледам да му излезам во пресрет и да помогнам онолку колку ќе можам.

Приказна која ве трогнала и после која сте рекле нема враќање назад додека не видам среќни лица…

Имаше едно семејство кое живееше во субстандардни услови. Помош побара директорот на училиштето во кое учеше детето од тоа семејство. Ми рече дека тоа е сè само не е дом.  Душата ми се раскина кога ја видов куќата. Трошна, распадната без под и речиси без покрив. Без купатило, без плакари во кујната со шпорет стар повеќе од 30 години. Цело семејство спиеше на душеци зошто кревет немаше. Прво купивме материјал го средивме покривот и подот. Набавивме санитарии за купатилото, некој донираше кујна, се купија кревети и се среди дневната.

Сега семејството среќно живее, а малиот ученик следеше онлајн настава од донираниот таблет. Нема посреќен човек од мене кога ќе се види насмеано лице на кое си му помогнал.Но, има и такви кои се измамници. Помагате давате пари или некоја друга помош а после сфаќате дека ништо од тоа што ви го кажале не е точно. Ама, Скопје е мало, општината Бутел уште помала, па сèсе дознава. Посебно ако се зависници, користат членови од семејствата за да дојдат до целта.

Често сте во Дневниот центар за лица со посебни потреби. Донирате средства, но и славите родендени заедно. Се роди ли некое пријателство од таму?

Тоа се најискрените пријателства, коишто долго траат. Веќе немора да отидам кај нив за да знаат кој сум, се среќеваме по паркови, на улица и ме поздравуваат насекаде. Доаѓаат секогаш кога имаат потреба или едноставно сакаат да ме видат. Знаат и да се јават на телефон да закажеме средба и дружење.

Смени ли нешто градоначаничката позиција кај вас како човек?

Лично како човек, ако мислите, ништо не е сменето. Освен што ми го одзеде слободното време. Сега немам толку време за роднини и пријатели, а секако дека трпи и семејството. Ме разбираат и ме поддржуваат, бидејќи ветив дека следните четири години ќе бидат последни кои ги давам во политиката. Се надевам дека ќе си го одржам зборот. Сепак, треба да дојдат нови млади сили кои ќе ги поддржувам.

Покрај бизнисмен и градоначалник Смилевски е сопруг и татко на две машки деца. Разговарате ли со синовите за политика, имате ли некакви очекувања од нив?

Се трудам политиката да не ја носам дома. Синовите не се членови на партија и мислам дека треба да го прават истото што јас го правев на нивни години, да се образуваат, да шетаат, да имаат идеи за животот и бизнисот. А дали и кога ќе дојде време за политика ќе одлучат сами.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави