Search

Словенија подготвува втор Закон за поддршка на економијата погодена од епидемијата

Словенечката Влада седнува на заедничка маса со Федерацијата на независни синдикати со цел да ги слушне нивните предлози за составувањето на новиот Закон за ублажување на последиците од епидемијата на коронавирусот. Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, токму синдикатите изминатиот период беа најгласни во критиките дека со веќе донесениот Закон за финансиска помош на работниците и компаниите не се опфатени сите економски гранки и обвинија дека со донесеното решение им се помага само на големите економски субјекти.

Токму затоа Владата на денешниот состанок директно од нив ќе ги слушне предлозите и вети дека колку што е можно ќе имплементира од нивните идеи.

Според портпаролот на Владата Јелко Кацин, вториот Закон за поддршка на компаниите и граѓаните би требало да биде донесен и да важи до 30 април.

Словенечкото Собрание минатата недела веќе изгласа Закон за финансиска помош „тежок” три милијарди евра.

Треба да знаете
Последни објави