Search

Словенечки спортски новинар доби отказ поради шверц на мигранти

Словенечката комерцијална телевизија ПОП ТВ отпушти спортски новинар кој шверцувал мигранти од Пакистан, пренесоа тамошните медиуми. Како што пренесува „Индекс“, новинарот на оваа водечка комерцијална телевизија бил уапсен откако полицијата во неговото возило открила четворица мигранти.

„Искрено жалиме поради овој инцидент. За постапките на новинарот надвор од нашата спортска редакција не сме известени, а не знаеме ни за евентуални лични околности во кои тој западнал“, се наведува во соопштението на ПОП ТВ. Новинарот, чиј идентитет не е откриен, е отпуштен од работа, а му се заканува затворска казна до пет години.

Словенечкиот таблоид „Словенске новице“ пишува дека станува збор за 29-годишниот Жига Лесјак од Велење кој ги следел мотоциклистичките спортови.Медиумите објавија дека тој започнал да се занимава со криумчарење на илегални мигранти поради финансиски проблеми.

Треба да знаете
Последни објави