Search

Словенечката полиција нема да добие овластување да ги следи граѓаните без судска одлука

Пропадна предлогот за давање широки овластувања на словенечката полиција со кои таа ќе можеше без судска наредба да ги следи движењето и комуникациите на сите граѓани за кои се сомнева дека се заразени со коронавирусот или се во домашен карантин.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана од партијата СМЦ (Партија на модерниот центар) кој е коалициски партнер во владата на Јанша Јанша, објавија дека издејствувале бришење на членовите 103 и 104 од новиот Закон за борба против коронавирусот кој денеска влегува во собраниска процедура.

Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, кој е од партијата на Јанша, изминативе денови изјавуваше дека ваков закон е потребен со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Ваквиот предлог предизвика многу реакции во јавноста, бидејќи дел од експертите сметаат дека можноста полицијата без судска наредба да следи и прислушкува луѓе се коси со темелните демократски вредности на Словенија.

Треба да знаете
Последни објави