Search

Славева: Во „играта“ чинат – нечинат вакцините, министерот Филипче направи хаос во главите на родителите

Владата предводена од СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче наместо како што ветуваа дека ќе дојде живот, носат смрт. Револтот на граѓаните од ден на ден расте. Филипче и Заев се однесуваат скандалозно, си поигруваат со здравјето на граѓаните, изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Епидемијата со морбили излезе од контрола. Во период на епидемија бројката на заболени расте и сега има повеќе од 200 лица со морбили. На праг е епидемија со грип, а нема никакви мерки. Има околу 1.300 лица заболени со грип. Нема мерки, но има жртви! Почина шестмесечно бебе од морбили, почина петгодишно девојче од грип. Во „играта“ чинат – нечинат вакцините, не дадовте одговори, а кај родителите направивте хаос во главите. Предизвикавте контра ефект па и најголемите поборници на вакцинирањето сега се сомневаат и имаат дилеми.Штo правите сега со грипот? Ќе преземете ли мерки“ праша Славева.

Таа потсети и дека на Клиниката за стоматологија, како што рече, во 21 век се појави смртоносна бактерија МРСА.

„Нагласивте „нема опасност од зараза“?! Се покажа дека уште еден е заболен. Тоа ли е вистината, министре? Граѓаните не ви веруваат. Сега ветувате дека изградбата на новиот клинички ќе стартува до крај на годината. Навистина? Се е подготвено?! Се што правите укажува на неспособност и аматеризам, лажење на граѓаните“ нагласи Славева.

За краток период, вела таа, се случија, во најмала рака, многу пропусти. Според неа, нема јасни одговори, уште помалку одговорност за толку многу пропусти и трагедии за краток период.

Таа рече дека се работи за скандалозно однесување и побара одговорност да понесе министерот Филипче и неговиот ментор Зоран Заев.

Треба да знаете
Последни објави