Search

Скопјани се истепале во викендичките во Рудник, сопружничка пресметка во Велес

Велешката полиција вчера имала полни раце работа во спречување на тепачки, информираше МВР.

Инцидент се случил во Велес, каде се тепале дваца велеѓани, а во тепачката учествувале и нивните сопруги. Во селото Рудник,пак, двајца скопјани пријавиле деа биле нападнати во дворовите од нивните куќи.

-На 25.05.2020 околу 21.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на улицата Јордан Џурнов по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу А.М.(45) и неговата сопруга Е.Ј.(42), од една страна и С.К.(36) и неговата сопруга А.К.(34), сите од Велес. На 24.05.2020 околу 18 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Рудник во дворот од семејната куќа, Ж.Ф.(31) од Скопје, по претходна расправија, бил нападнат од В.Н.(58). Истиот ден околу 19.50 часот во СВР Велес, В.Н.(58) од Скопје дека во дворот од семејната куќа во с.Рудник бил физички нападнат од К.Ф.(57) и неговиот син Ж.Ф.(31). По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави