Search

Склучен Mеморандум за системски решенија за пациентите со ретки болести

Министерот за здравство Венко Филипче и претседателката на Националната алијанса за ретки болести, Ребека Јанковска-Ристески денеска склучија  Меморандум за соработка, со кој се уредува соработката при креирање одржливи системски решенија за пациентите со ретки болести во државата.

Од Министерството за здравство соопштија дека со Националната алијанса за ретки болести, соработката ќе ја остваруваат преку низа активности чија главна цел е изготовување национална стратегија за ретки болести со посебен акциски план кој вклучува работни средби меѓу претставници од Министерството и Алијансата, како и други релевантни страни, експертска помош при изработка на стратегијата и акцискиот план и други форми на соработка и размена на знаење и искуство во насока на подобрување на третманот на ретките болести во земјата.

Во контиунитет се грижиме за подобри услови и воведување нови лекови за лицата со ретки болести. За 2019 година значително е зголемен буџетот за ретки болести и изнесува 380 милиони денари. Во 2018 година воведени се три нови лека, додека пак, оваа година се воведуваат уште два нови лека. Овој меморандум стапува на сила со денот на неговото потпишување, посочуваат од Министерството за здравство.

Треба да знаете
Последни објави