Search

Скарлет Јохансон и Колин Џост го врзаа јазолот

Sвездата на „Црната вдовица“ Скарлет Јохансон се омажи за својот свршеник Колин Џост на интимна церемонија, почитувајќи ги препораките за заштита од коронавирусот.

Веста за венчавката беше објавена во четвртокот од добротворната организација „Оброци на тркала“, која соопшти дека парот ги поддржува напорите на организацијата да им помогне на постарите луѓе за време на пандемија.

„Воодушевени сме со објавување на веста дека Скарлет Јохансон и Колин Џост се венчаа минатиот викенд на интимна церемонија со нивното потесно семејство и саканите, следејќи ги безбедносните мерки на претпазливост за Ковид-19“, напиша организацијата на својот профил на Инстаграм.

„Нивната желба е да помогнат да се направи разлика за ранливите постари лица во ова тешко време“, велат од добротворната организација, замолувајќи ги фановите на парот да дадат донација.

Претставникот на Јохансон ја потврди веста.

Јохансон и Џост, писател и комичар во телевизиското шоу Saturday Night Live, започнаа врска пред три години и се свршија во мај 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави