Search

Си Џинпинг: Кина нема да ги затвори своите врати за светот, туку ќе биде се поотворена

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина нема да ги затвори вратите за светот, туку напротив, ќе биде уште поотворена, јави денеска кинеската медиумска група (ЦМГ).

На отворањето на Втората глобална конференција за одржлив транспорт на Обединетите нации, Си истакна дека светот се соочува со големи промени и глобална пандемија, невидена еден век. Тој повика да се следи доминантниот тренд на светскиот развој, да се унапреди глобалната транспортна соработка и да се напише ново поглавје што ќе ја покаже меѓусебната поврзаност на инфраструктурата, непречената трговија, инвестициите и интеракцијата меѓу цивилизациите.

Обраќајќи им се на учесниците преку видео врска, тој истакна дека транспортот, како артерија на економијата и врската меѓу цивилизациите, го претвори светот во глобално село и го повика светот да се придржува кон отворената интеракција и да ја подобри поврзаноста.

Според него, меѓународната заедница треба да води отворена светска економија и да ги отфрли дискриминаторските или ексклузивни правила и системи.

Во однос на зголемениот јаз меѓу богатите и сиромашните, зголемувањето на поделбата север-југ, предизвикан од пандемијата на Ковид 19, Си повика на поголеми напори за искористување на олеснувачката улога на транспорт за подобрување на локалната економија и животот на луѓето, пренесе ЦМГ.

Треба да знаете
Последни објави