Search

Си: Кина ќе ја сузбие епидемијата предизвикана од коронавирусот

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека Пекинг ќе го спречи ширењето на епидемијата на воспаление на белите дробови предизвикано од коронавирусот.

– Животот и здравјето на луѓето треба да бидат приоритет и ширењето на епидемијата треба одлучно да се сузбие, изјави Си.

Во Кина потврдени се вкупно 217 пациенти инфицирани од коронавирусот, што првпат беше откриен во централниот град Вухан.

Од коронавирусот досега во Кина починаа три лица.

Светска здравствена организација (СЗО) предупреди на можноста од ширење на епидемија со оглед на тоа што голем број Кинези најавија патувања во земјата и во странство поради Кинеска Нова година.

Коронавирусот припаѓа на истата група како САРС (тежок акутен респираторен синдром) и МЕРС (блискоисточен респираторен синдром).

Во епидемијата на САРС во 2003 година во Кина и во другите азиски земји починаа неколку стотици луѓе.

Треба да знаете
Последни објави