Search

Си-Ен-Ен: Продажбата на јајца во САД зголемена за 44 отсто, цените за 180 отсто

 Американците поради кризата со коронавирусот прават залихи со јајца бидејќи готват повеќе оброци дома, што доведува до недостиг и скок на цените во супермаркети, јави Си-Ен-Ен.

Продажбата на јајца се зголеми за 44 проценти во седмицата завршена на 14 март, во однос на една година порано, според најновите податоци на агенцијата за истражување на пазарот Нилсен.

Волмарт и другите поголеми трговски синџири воведоа ограничувања за купување јајца, производи за чистење и други производи поради енормна побарувачка во изминатите денови.

-Потрошувачите паничат, исто како кога објавивме за големи снежни бури… купуваат млеко, леб, тоалетна хартија и јајца, вели Брајан Москогјури, директор и аналитичар во  Урнер Бери за истражување на производи на пазарот.

Трговците на мало, вели тој, нарачуваат до шестпати повеќе од вообичаената количина јајца што ја купиле, а потрошени се и залихите на производителите за Велигден.

Големопродажната цена на јајцата во САД се искачи за 180 отсто од почетокот на март, според Урнер Бери, кои објавуваат дневни показатели за движењата во тој сегмент, пренесе Си-Ен-Ен.

Треба да знаете
Последни објави