Search

„Систина“ контра Габриел синот на Амди Бајрам: Позитивен е на Ковид 19 и никогаш не сме му кажале дека е негативен!

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ тврди дека синот на Амди Бајрам, Габриел, дошол да се тестира во лабораторијата на болницата на 26 октомври и добил позитивен резултат на тестот направен со ПЦР метода.

„Со оглед на тоа што резултатот од молекуларниот тест бил позитивен, освен на лицето, известување за тоа е испратено и до Институтот за јавно здравје што е задолжителна обврска. Во целост ги отфрламе и тврдењата дека нашата болница го информирала лицето дека има негативен резултат на ПЦР молекуларна детекција на вирусот Сарс Ков 2“ , велат од болницата.

Претходно, Бајрамови за ,,Фокус” изјавиле дека Габриел Бајрам прво добил информација од Систина дека е негативен на коронавирусот, за потоа да му кажат дека е позитивен.

Меѓутоа, денеска приватната клиника во целост ги демантира тврдењата на Габриел Бајрам.

Извор: Слободен Печат.мк

 

Треба да знаете
Последни објави