Search

Синдикатите во Словенија разочарани од владината финансиска помош

Федерацијата на слободни синдикати на Словенија е разочарана од мерките на Владата за помош на работниците и економијата погодени од епидемијата на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Нивното незадоволство се должи на тоа што според нив, сите работници и компании нема да ја добијат потребната финансиска помош од државата, објави ПОП ТВ.

Од Владата одговорија дека вчера изгласаниот таканаречен „Мега корона закон” е само првиот од неколкуте кои ќе бидат донесени со цел да им се помогне на граѓаните и економијата. Од таму велат дека активно работат на вториот сличен Закон, за кои се надеваат дека ќе можат да го објават веќе за десетина дена. Според владини претставници во изработката на вториот Закон ќе бидат консултирани повеќе здруженија и претставници на работниците.

Треба да знаете
Последни објави