Search

Сингапур потроши 12 милиони долари за средбата Ким-Трамп

Сингапур беше домаќин на неодамнешната историска средба на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, на 12 јуни.

 

Градот-држава потроши 12 милиони долари за овој самит, од кои најголем дел беа за обезбедување на настанот.

Претходно беше најавено дека за самитот биле обезбедени 20 милиони долари, што наиде на остри критики во земјата.

Маркетиншките експерти сметаат дека публицитетот од настанот ќе му се исплати десеткратно на Сингапур и дека тоа биле паметно вложени пари.

Трамп и Ким се сретнаа за да го договорат процесот за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Треба да знаете
Последни објави