Search

Симонс ја обележа ноќта во НБА лигата

Кошаркарот на Портланд, Анферни Симонс, ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата, Портланд на гостински терен ја победи Јута со 116:111. Индивидуално блескаше и Ендрју Вигинс, во победата на Голден стејт над Хјустон 120:101.

Симонс, со личен рекорд го предводеше Портланд во Солт Лејк сити. Тој постигна 45 поени. Голема помош доби од Грант (33 поени и пет асистенции), односно Јусуф Нуркиќ (15 поени, 14 скокови).

 

Актуелните шампиони Голден стејт славеа победа во дуелот со еден од најслабите тимови во лигата, Хјустон. Во победата 120:101, Вигинс постигна 36 поени. Веднаш до Вигинс беше Стеф Кари со 30 поени и 10 асистенции.

Резултати:

Сакраменто-ЛА Клиперс 123:96
Торонто-Орландо 121:108
Шарлот-Милвоки 96:105
Минесота-Оклахома 128:135

Треба да знаете
Последни објави