Search

Симнати буквите „Влада на Република Македонија“, се чека „Северна“

Буквите „Влада на Република Македонија“ се симнати од фасадата на владината зграда за да се направи место за новото име на државата Република Северна Македонија, пишува „САКАМ ДА КАЖАМ“.

Денеска Грција со вербална нота треба да ја извести Република Македонија дека се поминати сите пречки за ставање на крај на деценискиот спор за името и почнува да важи Преспанскиот договор со кој нашата земја ќе се вика Република Северна Македонија.

Како што беше најавено, промената на името прво ќе почне на граничните премини.

24 Инфо вчера објави фотографија од таблата на која е испишано Северна Македонија на граничниот премин Богородица, но се уште не беше поставена.

 

Треба да знаете
Последни објави