Search

Силјановска: Ќе ги почитувам написите Северна, ама ќе ги користам придавките македонска

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова во вечерашната дебата на Телма рече дека  ќе го применува Договорот од Преспа и ќе го употребува новото име.

-Се разбира, бидејќи тој стана дел од Уставот. Но, во примената има разлика. Ќе ги почитувам натписите на името на државата на институциите. Да, ќе го применувам, но како индивидуа ќе го одбегнувам називот Северна Македонија. Впрочем, и во членот 7, став 2  стои дека е дозволена употребата на придавката „македонско“ и ќе го користам кога можам придавките македонско, македонска, а ќе го избегнувам Северна Македонија… рече Сиљановска.

 

Треба да знаете
Последни објави