Search

Силјановска: Човечки е да се направи лапсус, но непростиви се грешките во Уставот и Преспанскиот договор

Претседателскиот кандидат. Гордана Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил одговори на забалежките кои ги добива за лапсузите кои ги прави, за тоа што практикува јога… Според неа, човечки е да се направи лапсус, но непростиви се грешките во Уставот и Преспанскиот договор.

„Не е страшно, човечки е да се направи лапсус. Уште почовечки е да признаеш таква грешка и да побараш прошка. Но, страшно е кога носители на извршна власт се однесуваат според онаа старата „кадија те тужи, кадија те суди“ – а не се ни кадии! Македонскиот народ никогаш нема да прости за нивните „грешки“ и „лапсуси“ – во уставот, законите, Преспанскиот договор“

https://www.facebook.com/gordana.siljanovska.71/posts/133741007763873

„Други ми забележуваат дека било несвојствено за кандидатка на опозицијата да практикува јога!? Да биде вегетаријанка! И забележуваат дека иако професорка, на видео спотот сум се нашла и во кујната. Да, драги мои! Сето тоа сум јас: сложено ама и едноставно човечко суштество! Јас не се срамам што живеам обичен живот, што перам и готвам, средувам по дома, се грижам и за семејството, и тоа се грижи за мене. Небаре е голема работа да си обичен човек од Муртино и да те викаат зајченце миличко, а мене не ми доликувало да се претставам во светлината на мојот секојдневен живот“.

Треба да знаете
Последни објави