Search

Силјановска: Филозофијата на Заев е кажувам, заборавам, негирам, а мојата е кажувам, помнам, правам

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати пред граѓаните во Струмица.

Силјановска Давкова рече дека првата асоцијација во Струмица е асоцијацијата на поранешниот претседател Борис Трајковски и македонскиот фудбалер Горан Пандев, потенцирајќи дека иако Трајковски го нарекувале граѓанин, a подоцна се фалелe со него.

Кандидатката за претседател истакна дека филозофијата на Заев и СДСМ е кажувам, заборавам, негирам, додека нејзината филозофија е кажувам, помнам, правам, спроведувам.

„Родно место на филозофијата и политиката позната како заевизам е ова. Меѓутоа ние овде дојдовме за да рашириме, да отвориме да ве инфицираме со една друга политика, па да речеме дека можеби по победата овде таа политика ќе стане македонска политика. Оваа првава без плодна политика, таа првата политика што не создава јавна вредност, а камоли европска вредност е како тријалголник, односно таа гласеше кажувам, заборавам, негирам. Затоа ние не знаеме колку личности има во некои луѓе, затоа што многу зборуваат, уште повеќе забораваат, ама уште толку негираат. Но, нашата филозофија е, не само мојата туку и на луѓето кои ме поддржаа и јас затоа ја препознав – кажуваме помниме, правиме, спроведуваме.

Силјановска Давкова потенцираше дека Заев и СДСМ не само што заборавиле што им ветиле на граѓаните, туку ја заборавиле и македонската химна, додавајќи дека химната не се заборава бидејќи химната без држава нема.

„Не само што го забораваат ветено, политичкото туку го забораваат и минатото, ја заборавија дури и химната со која почна овој настан. Значи ја заборавија Струмица и цела Македонија. Химна не се заборава, химна секогаш се пее, зошто таму каде што е химната таму е и државата, таму каде што нема химна нема ни држава. Ама ја нема нивната држава, нашата е со нас и кога ја пееме и кога се радуваме на неа и кога плачеме со неа“, нагласи таа.

Силјановска Давкова побара поддршка од Струмичани се со цел на претседателските избори да ги делегитимираат штетните политики на Заев и СДСМ.

„Овие избори не само што ќе значат делегитимирање на овие политичари туку ќе значи делегитимирање на се што презедоа во едно од најтешките и најболните времиња за нас“, вели Силјаноска Давкова.

Силјановска додаде дека времето за одлучување доаѓа и побара од граѓаните на 21 април и 5 мај да излезат и да ја поддржат.

„Народот е мудар, најмудар е кога молчи и јас така гледав на референдумот, ама времето на одлучување доаѓа“, рече Силјановска.

Треба да знаете
Последни објави