Search

Силјановска: Претседателот може да биде модератор и неутрален арбитер

Како претседател ќе ставам крај на партизираните и политизираните луѓе во институциите на кои имам влијание. Претседателот нема силни функции во ваков парламентарн систем, ама може да биде модератор, да биде неутрален арбитер, да укажува, да усмерува и да предупредува, затоа што неговата власт и авторитет се врзни со народот и тој мора да биде со народот.

Ова го истакна Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател, вечерва на митинг во Кавадарци.

Посочи дека на претседателските избори низ демократски натпревар презела одговорност и е решена да не ја срами државата.

– Решена сум исто така да направи и еден мал чекор за мене, меѓутоа мислам дека за демократијата тој мал чекор може да биде пресуден. Но нема да чекорам сама. Знам дека по победата на претседателските избори заедно со новото парламентарно мнозинство, ќе чекориме, овде градејќи ја Европа. И Европа тоа ќе го препознае. Европската Унија е унија заснована  на вредности. На владеење на правото. На демократија. На одговорност, на еднаквост на граѓаните. На просперитетна економија. На битка со клиентелизам, непотизам, тероризам. А ние таму можеме да постигнеме многу повеќе, нагласи Силјановска Давкова.

Нагласи дека не гледа зошто жена не би можела да биде врховен командант на вооружените сили и дека, како што рече, опасно е според неа тоа да биде некој што зборува побрзо од мислите и е контрадикторен и заборава што кажал.

– Тие се фалат со нашата армија ама заборавија да ја облечат. Боса армија не е армија. Заборавија и дека народот ни е бос, но заборавија и дека Исус одел бос. Ние таа лекција ја знаеме, зошто моралот, правото и правдата се на наша страна, изјави Силјановска.

Народот се гледа, дава и зема на изборите, нагласи таа. Највредното нешто што го имаме е Македонија, рече. Бојкотот не е добро решение, додаде. Народот треба да го има зборот, рече бидејќи држава без граѓани нема.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара поддршка и повика да победи правдата во Македонија. За да се покаже како се работи за татковината.

-Овој народ на 21 април ќе покаже што значи најголема коалиција во историјата на политичка Македонија. Со половина милион гласови, рече Мицкоски.

Ние сме, нагласи, за честита Македонија. Македонија, тоа е она што нас ни треба, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Имаме кандидат, рече, иден претседател на Република Македонија, кој претставува вистинска инспирација. Двајцата се осврнаа на отсуството на гардата и химната во текот на вчерашниот ден.

Треба да знаете
Последни објави