Search

Силјановска: Заевизмот е болест, кажуваш, забораваш, негираш

Професорката Гордана Силјановска доби стоечки овации на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга каде што се избира кандидат за претседател од редовите на опозицијата. Во својот петнаесетминутен говор, таа најмногу се задржа на промената на името на државата, при што нагласи дека процесот не е завршена приказна, пишува независен весник.

„Мојот татко на 18-годишна возраст замина во партизани, има три ордени за храброст. Тој не се бореше за Република Северна Македонија, туку за Македонија“, напомена професорката.

Според неа, победа на опозицијата ќе биде прв чекор на делегитимирање на власта.

„Заевизмот е болест од која заболеа многумина: кажуваш, забораваш, негираш“, рече Силјановска.

Порача дека бојкот на претседателските избори не е решение, затоа што власта ќе добие в.д. претседател, а потоа и ќе изгласа закон со кој шефот на државата би се бирал во Собранието.

„Но, сметам дека во вториот круг не треба да се бара цензус. Тоа го препорачува и Венецијанската комисија“, нагласи професорката.

Треба да знаете
Последни објави