Search

Силјановска: Додека важи Законот за јазици, јас ќе го почитувам

Различни ставови во однос на Законот за јазиците изразија вечерва тројцата учесници во претседателската трка во четвртата ТВ дебата, која се емитува на Алсат.

Кандидатот подржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова нагласи дека доколку таа биде претседател ќе ги почитува Уставот и законите.

-Само Уставниот суд може да укине неуставни одредби од тој закон. Јас имам многу забелешки на усогласеноста на некои одредби со Уставот и со Рамковниот договор. Но се додека важи ќе го почитувам и ќе го спроведувам, рече Силјановска.

Кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река вели дека е за официјализирање на албанскиот јазик, како втор службен јазик во земјава. Стево Пендаровски е за максимално користење на албанскиот јазик.

Треба да знаете
Последни објави