Search

Силен земјотрес регистриран во Албанија, почуствуван и во Црна Гора

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван околу 22.13 часот, 53 километри северозападно од Тирана.

Според албанските портали, епицентарот бил на длабочина од два километри.

Засега нема информации за материјална штета, но земјотресот предизвикал паника кај граѓаните, кои излегле на улица, пишуваат медиумите.

Медиумите јавуваат дека земјотресот бил почувствуван и во Црна Гора.

Треба да знаете
Последни објави