Search

„Сила Сибири“ повторно ја снабдува Кина со гас

„Газпром“ повторно почна да ја снабдува Кина со гас преку гасовотот „Сила Сибири“ по планираните работи на цевководот, соопшти компанијата за „Спутник“.

„На 31 март се завршени планираните работи на одржувањето на гасоводот „Сила Сибири’ и продолжено е со испораката на гас до кинеските потрошувачи“, се наведува во соопштението.

Работите на одржувањето на гасоводот почнаа на 16 март во договор со кинеската компанија Страните се договорија редовно да ги одржуваат опремата и системите на гасоводот двапати годишно: напролет и наесен.

„Газпром“ и ЦНПЦ во мај 2014 година потпишаа договор за испорака на гас во Кина преку „источната рута“. Договорот е склучен на 30 години и предвидува годишна испорака од 38 милијарди кубни метри гас.

Треба да знаете
Последни објави