Search

Сиднеј зафатен од чад поради пожарите што ја зафатија Австралија

Силните ветрови денеска поттикнаа десетина пожари кои горат во дел на австралискиот источен брег, а Сиднеј е обвиен во густ чад, поради што е издадено предупредување за опасност по здравјето на жителите на најмногубројниот австралиски град.

Пожарите уништија околу еден милион хектари обработлива површина во последните недели, поттикнати од тригодишната суша, за кои експертите тврдат дека е засилена од климатските промени.

Во австралиската држава Нов Јужен Велс горат околу 60 пожари, а поради силните ветрови во некои делови од Сиднеј десетпати е зголемена опасноста по здравјето.

Локалното Министерство за здравство ги предупреди граѓаните ако е можно да не ги напуштаат домовите, а според пожарникарите густиот чад, поради силниот ветер, ќе се задржи цел ден.

Во пожарите што минатата недела ја зафатија Австралија загинаа четири лица, а над 300 домови се уништени. Во гаснењето на огнот беа ангажирани над 1.300 пожарникари.

Треба да знаете
Последни објави