Search

СЗО: Епидемијата во Азија не е завршена

Повикувајќи ги властите на сите нивоа во регионот да останат ангажирани во напорите во борбата против коронавирусот, регионалниот директор на СЗО за Западен Пацифик, Такеши Касаи изјави дека оваа борба ќе биде долгорочна и потребно е секоја земја да продолжи да реагира согласно локалната ситуација.

Тој нагласи дека СЗО е свесна оти не постои единствен пристап, но дека постојат заеднички тактики.

– Тоа се: рано откривање, изолирање и тестирање на заразени, брзо пронаоѓање на контактите и ставање во карантин и преземање мерки за социјално дистанцирање, со цел да се спречи пренесувањето на вирусот и да се забави епидемијата, нагласи Касаи.

Според него, државите и понатаму треба да бидат подготвени на пораст на бројот на заразените.

– Треба да ни биде јасно дека и покрај сите мерки, не исчезнува ризикот од ширење на епидемијата. Тие само ни даваат драгоцено време да се подготвиме за понатаму, нагласи Касаи.

Според последните податоци, во светот од коронавирусот се заразени 789.787 лица, од кои речиси 29.500 се наоѓаат во тешка или критична состојба, а починати се 38.100 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави