Search

Се јави „свиркачот“ Лазаревски по сведочењето на Верушевски: Секогаш бев транспарентен

„Досега секогаш бев транспарентен, таков ќе бидам и во иднина“ е коментарот на свиркачот Ѓорѓи Лазаревски за завчерашното сведочење на Зоран Верушевски за случајот „Таргет – Тврдина“.

Лазаревски денеска со кус одговор на новинарските прашања откако вчера не беше достапен за медиумите. Сведочењето на Верушевски предизвика силни рекции, откако рече дека бомбите не завршувале кај него, туку во партијата СДСМ, а по неговото притворање, бомбите поминале низ страотни модификации и компромитирање.

-Ѓорѓи Лазаревски беше едно од лицата кои донесуваа документи до партијата. Тоа лице ги доставило материјалите пред моето враќање од Италија во Македонија и продолжи во 2014 година, рече Верушевски на рочиштето.

А ова го сведочеше Лазаревски во ноември лани.

-За една – две недели ние го разработивме системот за вадење. Првпат Ѕвонко екпортираше прислушувани разговори на крајот на 2010 година, исклучиво СМС пораки на двд. Сѐ беше праќано кај мене. Потоа му ги давав на Верушевски. Ги копирав на екстерен криптиран диск, го пополнував хронолошки како стигаше материјал и го чував кај мене три години.Тој диск Ѕвонко ми го даде во  ходниците на МВР. Го земав и го пикнав в џеб. Ако ме прашаше некој што имам, планирав да го пукнам, скршам. Но, во сите тие изнесувања, никој не ме праша, рече Лазаревски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави