Search

Се укинуваат квотите за лекови во туристичките места

Од утре ќе нема недостиг на лекови во туристичките места. Министерот за здравство најави дека ги укинуваат квотите во Охрид, Струга, Дојран, Ресен и Гевгелија, а  тоа според Филипче е прв чекор до целосна либерализација и целосно укинување на квотите за лекови во цела земја.

Филипче вели дека во туристичките места со години наназад локалното население се соочувало со недостиг на лекови, бидејќи туристи од други градови си носеле рецепти со нив и во Охрид и Струга ги подигнувале лековите.

Наслежните велат дека овој период работат на утврдување на контролни механизми со кој ќе спречат злоупотреби при укинување на квотите. Една од мерките ќе биде пациентот лично, со лична карта да ја подига терапијата во аптека.

 

Треба да знаете
Последни објави