Search

Се спремаме и за сценарио за носење пациенти во други земји, најави Филипче

Притисокот е навистина голем. Искрено се надевам дека мерките кои ги препорачавме ќе придонесат да се намали трансмисијата на вирусот. Гледаме што се случува во целиот регион, цела Европа, се преполнуваат болничките капацитети, а тоа е нешто што сите земји сакаме да го избегнеме. Овие мерки што се на сега на сила имаат за цел да имитираат некаков облик на полициски час, значи лимитирање на бројот на конакти, носење маски, избегнување на групирање, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој ги посети болниците во Штип и во Струмица.

Доколку дојде ситуација да се треба да се ангажираат уште поголем број луѓе, ќе се пренаменат и другите болнички капацитети, нешто што веќе се практикува во болниците во Битола, Прилеп и во Охрид. Таму се сместуваат пациенти на интернистичките одделенија.

– Можно е да се соочиме со ситуација кога и друг кадар ќе работи само со пациенти со ковид-19. Гледате дека се носат пациенти од една во друга земја на лекување, се надевам дека нема да се случи такво сценарио, но и за такви моменти се спремаме – додаде министерот.

Тој додаде дека болниците се преполнуваат, во Скопје постепено се полни и модуларното одделение, се прават подготовки за болницата во Козле и за дополнителни капацитети на болницата во „8 Септември“.

 

Треба да знаете
Последни објави