Search

Се снима филм, денеска и утре сообраќаен режим кај хотел „Парк“

На 01 и 02.10.2020 (четврток и петок) во периодот од 18.00 до 06.00 часот на ул.„1732“, во непосредна близина на хотел „Парк“ во Скопје, поради снимање на филм, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведената сообраќајница, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива најавеното снимање.

 

Треба да знаете
Последни објави