Search

Се реконструира катната гаража во Ново Лисиче

Oпштина Аеродром деновиве почна со реконструирање на катната гаража во населбата Ново Лисиче. Реконструкцијата опфаќа бојадисување на челичната конструкција како и промена на оштетените хоризонтални и вертикални олуци.

Исто така, со јавното претпријатие „Градски паркинг“ ја разгледуваме можноста за воведување зонско паркирање во дел на општината, со цел да им излеземе во пресрет на барањата на граѓаните и да го олесниме паркирањето.

„Ги решаваме проблемите на граѓаните и ги подобруваме условите за живеење, бидејќи Аеродром е нашиот заеднички дом“, порача градоначалникот Марин.

Треба да знаете
Последни објави