Search

Се превртела „астра“ на автопатот Скопје-Тетово, тројца повредени

На 12.07.2019 година во 18,30 часот на автопатот Мајка Тереза, во насока од Скопје кон Тетово, патничко мотроно возило “Опел астра“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Ц.С. (40) од гостиварско, излетало од коловозот и се превртело. Со тешки телесни повреди се здобил  Ц.С. и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а сопатниците Д.С. (38) и малолетник по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Увид на место на настанот извршила увидна екипа од Скопје.

Треба да знаете
Последни објави