Search

Се подготвува стратегија за информатичко – комуникациска технологија во правосудството

Владата на денешната 127 седница ја разгледа и усвои Информацијата за подготовка на стратегијата за информатичко – комуникациска технологија во правосудството 2019 – 2024, со Акциски план.

Стратегијата за ИКТ во правосудството е во согласност со европските и меѓународните стандарди, со цел да се зголеми пристапноста, навременоста и лесното користење на правосудните услуги за сите корисници, да се подобри квалитетот на податоците, заштитата и безбедноста, како и соработката со други правосудни системи, институциите на Европската Унија, нејзините земји-членки и меѓународните организации.

Стратегијата за информатичко-комуникациска технологија во правосудството е во функција на модернизирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудството како една од најбитните реформи во РСМ, заклучи Владата на денешната седница.

Треба да знаете
Последни објави