Search

Се заглави рингишпилот во Биоград, пожарникари час и половина ги спасувале децата

Поради дефект се заглави рингишпилот ,,Скај флаер” во Биоград во Далмација, по што пожарникарите час и половина ги спасувале децата кои останале заробени на височина од 30 метри. Припадници на противпожарната бригада пристигнале брзо, но не можеле да направат ништо бидејќи противпожарните скали им биле на поправка во Германија.

Побарале помош од колегите од Задар. Скалите стигнале, па акцијата за спасување почнала. Последните луѓе од рингишпилот биле симнати во 20.30 часот.

,,Пожарникарите реагираа многу брзо, но бидејќи нашите скали се санираат во Германија, моравме да чекаме за скала од Задар, така што целата ситуација се влоши. Имаше вкупно четири пожарникари на теренот, односно две екипи по двајца пожарникари”, велат од противпожарната единица.

Вкупно 15 лица биле спасени од рингишпилот, повеќето од нив деца и нивните родители.Слична ситуација веќе имало во овој парк и минатото лето кога луѓето морале да чекаат многу подолго, затоа што пожарникарите имале интервенција околу избувнат пожар, па противпожарното возило со скалила било зафатено.

Главниот директор на „Фанк парк“ Биоград, Стипе Табак објасни што се случило.

,,Секој уред во нашиот парк има повеќестепени сензори за безбедност кои го стопираат уредот ако само еден престане да работи. Проблемот е што овој рингишпил е специфичен и мора да интервенираат пожарникари за да ги симнат луѓето долу, доколку се закочи”, вели тој. Табак додава дека ќе анализира што се случило со уредоти дека очекува рингишпилот да работи нормално.

,,Ова се нормални ситуации што се случуваат во секој забавен парк и посетителите треба да бидат свесни за тоа. Прво и основно сме безбедни и немаше никаква опасност за посетителите”, вели тој.

Треба да знаете
Последни објави