Search

Се дополнува катастарот на зеленило на Општина Кисела Вода

Продолжува реализацијата на проектот за воспоставување на зелен катастар на Општина Кисела Вода. Со новите активности, финансирани од страна на оваа локална самоуправа, ќе бидат опфатени јавните зелени површини во урбаните заедници Цветан Димов, Бирарија и дел од Кисела Вода. Се работи за околу 1400 дрвја кои ќе влезат во зелената лична карта на општината.

Целта на овој проект е подобрување на управувањето со јавното зеленило, како и заштита на животната средина. За секое регистрирано дрвце ќе има податоци за степенот на апсорпција на штетни материи преку утврдените индикатори на штетност, неговата старост, потенцијалната опасност и потреба од сеча, а ќе се утврди и можноста за засадување на нови дрвца. Собирањето и анализата на просторни податоци за зеленилото, го врши фирмата Трифор.

И овие информации, како и претходно поставените кои се однесуваа на зеленилото во училиштата и градинките, ќе бидат поставени на официјалниот Катастар за зеленило кој ќе биде достапен и на официјалниот веб портал на Општина Кисела Вода. Активностите за надополнување на содржините ќе продолжат и во текот на наредната година.

Треба да знаете
Последни објави