Search

Се гласа на 3.480 избирачки места во земјава и на 32 во странство

Денешните шести по ред претседателски избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 места во странство. Денеска се одржува вториот круг од претседателските избори во кој ќе се натпреваруваат кандидатите на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова.

Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас имаат 1.808.131 гласач во Македонија.

Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.726.795 гласачи, 77.579 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.640 се на издржување казна затвор или се во притвор, а седум гласачи се запишани како внатрешно раселени лица. Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава во ДКП во странство се запишани 1.781 гласач.

Треба да знаете
Последни објави