Search

Сејдини ја прими легендата на Полска

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини денеска приреди заеднички ручек со неговиот полски колега, легендарниот Збигниев Бониек, непосредно пред вечерашниот квалификациски натпревар за ЕУРО 2020 меѓу Македонија и Полска.

Средбата помина во многу пријателска атмосфера, во која двете страни ги разменија своите искуства. Полската легенда му даде голема поддршка на претседателот на ФФМ Сејдини за секој проект или инвестиција која се однесува на домашниот фудбал.

Инаку, полската фудбалска легенда Бониек, беше поранешен репрезентативец на Полска, како и на многу познати клубови, меѓу кои се и Јувентус и Рома, а подоцна беше и тренер, па и селектор на полската репрезентација, а сега веќе е и претседател на Полската фудбалска федерација и член на Извршниот совет на УЕФА.

Треба да знаете
Последни објави