Search

Сер Елтон Џон прогласен за витез на Легијата на честа во Франција

На Светскиот ден на музиката, францускиот претседател, Емануел Макрон, го прогласи британскиот пејач Елтон Џон за витез на Легијата на честа во знак на неговиот голем придонос во музиката и борбата против ХИВ и сидата.

„Ја сакам Франција. Тука имам куќа“, изјави Елтон Џон кога Макрон го одликуваше со наградата.

Елтон одликувањето го прими во петокот вечерта во Елисејската палата на Светскиот ден на музиката. Ова не му е прво големо признание доделено од страна на државно официјално лице. Пред 21 година Џон стана сер Елтон Џон кога кралицата Елизабета го прогласи за витез.

Британскиот пејач е среде светска турнеја, а сега концертите ги одржува низ Франција. Макрон средбата со пејачот ја искористи за да се заложи за борбата против болестите, како што се сида, туберкулоза и маларија.

Спорeд француските податоци, од тие болести во светот починале 2,7 милиона луѓе.

Треба да знаете
Последни објави