Search

Серија оставки во Владата на Тереза Меј

Четворица клучни министри поднесоа оставка во Владата на премиерката Тереза Меј, по објавата дека нејзиниот кабинет се согласил на договор за брегзит, со ризик за целосно распаѓање на конзервативната Влада, пренесуваат британските медиуми.

Шајлеш Вара, државниот министер во канцеларијата за Северна Ирска, беше првиот висок официјален претставник кој поднесе оставка, откако премиерката Тереза Меј објави дека нејзината Влада постигнала нацрт-договор за повлекување од ЕУ.

Еден час потоа, оставка најави и министерот за брегзит, Доминик Раб, човекот обвинет за преговарање и финализирање на договорот, кој наведе дека договорот страда од длабоки недостатоци, како и дека совеста не му дозволува да го поддржи договорот. По него, оставка даде и Естер Меквеј, министерот за труд и пензии, по кого следеа и други оставки во Владата.

Треба да знаете
Последни објави