Search

Сениорите и младинците на КК „Ангели“ од Кисела Вода ги победија противниците

Сениорите и младинците на КК „Ангели“ од Кисела Вода ги победија противниците

Изминатиов викенд КК „Ангели” од Кисела Вода забележа две значајни победи.

Сениорската екипа која се натпреварува во македонската кошаркарска втора лига на гостински терен го надигра тимот на КК „Чаир 2030″, со резултат 66:87. Со оваа победа клубот од Кисела Вода се искачи на второто место на табелата во сениорската лига. Следниот натпревар сениорите ќе го играат на домашен терен против екипата на КК „Спортисимо” од Кавадарци.

Додека, младинците на „Ангели” М18 кој оваа сезона играат во младинската прва лига  на домашен терен ја победија екипата на КК „Работнички”, со резултат 76:71. Со оваа победа младинската екипа се искачи на врвот од табелата. Младинците следниот натпревар ќе го играат на гостински терен против екипата на КК „Куманово”.

Треба да знаете
Последни објави